Search

Вучиќ: Секогаш сум на моето работно место и подготвен да ја заштитам стабилноста на земјата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалните мрежи сподели фотографија како јаде јаболка непосредно пред акцијата за разбивање на протестот во Белград.

„Моменти на одмор во претседателството. Важно е да се зачува мирот, да се уапсат насилниците и да се обезбеди иднината на нашите деца. Сакам, драги пријатели, да знаете дека секогаш сум на моето работно место и подготвен да ја заштитам стабилноста на земјата, повикувам на воздржаност, но и недвосмислено чувајте ја државата. Нашата Србија. Една единствена“, напиша Вучиќ.

Околу 22 часот припадниците на полицијата и жандармеријата  започнаа акција со масовни сили за разбивање на протестот во Белград, при што се случија насилни инциденти пред градското собрание. За кусо време демонстрантите беа разбиени.

Треба да знаете
Последни објави