Search

Ѓорче Ставрески: Краткиот филм „Дали си маж”, од 1. јануари на „ХБО МАКС“

Режисерот на „Исцелител“, своевремено наш кандидат за Оскар, Ѓорче Ставрески го сними својот втор филм „Дали си маж”, по негово сценарио кој од 1 јануари 2024 ќе се прикажува на една од најголемите стриминг платформи „Ејч-Би-О Макс“, соопшти тој во утринското гостување на „Слободен печат“.

„Исцелител ми е прв целовечерен дебитантски филм, се работеше долго време, започнат е 2015 а премиера имаше 2017. Земавме над 20 интернационални награди. Беше првиот филм на HBO македонски и беше кандидат за Оскар, си го изоди тој успешен пат. Ни даде видливост .Токму преку него се запознав со продуценткатат Ивана Шекутковска, и веднаш потоа дојдовме до идеја, всушност и ова беше нејзина идеја да направиме еден краток филм. Да работиме на краткиот филм „Дали си маж“, вели Ставрески.

Дали се маж веќе сериозно почнува да се прикажува на светските филмски фестивали и добива позитивни критики.

„Филмот имаше среќа да го видат сериозни продажни агенти од Франција, Премиум филм од Париз и преку нив е договорена дистрибуцијата со „Ејч-Би-О Макс“. Тешко е да се дојде до таков престижен продажен агент и кога склучивме договр со нив, беше прашање на време кога ќе ги видиме плодовите на таа соработка. Тие не известија дека е склучен договорот. Имаме и фестивалски добар агент кој се бори за прикажување во Италија. Имавме прикажување и тука на Синедејс, Кине Нова, на Манаки и имаме одлични критики“, вели Ставрески.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и Филмскиот центар на Србија.

Треба да знаете
Последни објави