Приведен крадец во скопско

На 20.12.2023 во 14.20 часот во с.Бунарџик, општина Илинден, полициски службеници од Полициското одделение Петровец го лишиле од слобода С.М.(64) од с.Бунарџик.
Тој се сомничи дека околу 10.30 часот во продажен објект во селото со закана кон вработените одзел повеќе производи. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица, по што било пренесено во здравствена установа во с.Бардовци, скопско.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави