Search

Убени 10 лица и најмалку 24 повредени во денешната пукотница на Универзитетот во Прага

Чешката телевизија јави дека во денешниот масакр на Универзитетот во центарот на Прага има 10 мртви и 24 повредени. Убиен е и напаѓачот кој како што се претпоставува пукал од покривот на зграда на плоштадот Јан Палах.

Според агенцијата Aktu.cz, напаѓачот најверојатно користел долго оружје со оптика.

На социјалните мрежи се појавија фотографии од студенти и случајни минувачи кои се обиделе да се сокријат од нападот и не го одбирале местото каде ќе се сокријат.

Според зборовите на еден од предавачите на Филозофскиот факултет, студентите и вработените попладнево добиле електронска пошта да се забарикадираат.

Сличен мејл добиле и вработените во Уметничко-индустриското училиште кое исто така се наоѓа на плоштадот Јан Палах.

„Останете каде што сте, не одете никаде. Доколку сте во канцелариите, заклучете ги и поставете мебел пред вратата. Исклучете ги светлата, напаѓачот најверојатно е на четврти кат од зградата на Плоштадот Јан Палах“, стои во мејлот што е испратен.

Треба да знаете
Последни објави