Search

Синдикатот на контрола на летање го стави штрајкот во мирување

Синдикатот на контрола на летање се откажа од најавата за штрајк која беше најавен за 25 декември како предупредувачи и за Нова година. Причината е поради која го сменија својот став како што велат се граѓаните кои во овој период повеќе ќе патуваат. Одлуката е донесена по двочасовниот состанок со членството во Синдикатот кои решија штрајкот да го стават во мирување. Претходно од Синдикатот најавија штрајк поради како што рекоа вработување на нестручни кадри, и поради роковите на огласите за вработување.  -Имаме опција да прифатиме 10 оперативно потребни кадри и двајца неоперативни или да не прифатиме се. На сметка на тоа дека ако отпаднат тие што ни се потребни кадри за сметка на тие двајца што не се потребни, ќе се доведе во прашање опстанокот на самиот систем во техника кој е на стаклени нозе поради застареност – соопшти Александар Тасевск првиот синдикалец на контолори на летање.

Синдикалците најавија дека будно ќе го следат изборот на пријавените кандидати за да нема неправилности.

Треба да знаете
Последни објави