Search

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска во работна посета на Делчево

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска 21.12.2023 година ( четврток) е во работна посета на општина Делчево.

Според агендата, министерката Костадиновска-Стојчевска ќе оствари средба со градоначалникот Горан Трајковски и ќе направи обиколка на делот од Спомен-домот на АСНОМ, каде  во тек се последните активности од Проектот за реконструкција и санација на малата сала, поддржан од Програмата за капитални дотации во културата за единиците на локалната самоуправа.

На покана на ФГ „Копачка”,  министерката за култура Костадиновска-Стојчевска во Делчево, ќе присуствува и на свеченото дефиле по повод одбележување на јубилејот 75 години постоење на ЗФГ „Копачка” и 20 години од донесувањето на Конвенцијата за заштита на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.

Треба да знаете
Последни објави