Search

Комисијата за именувања и избори ја утврди предлог листата за членови на КСЗД и членови на други комисии

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ја утврди предлог листата за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и други комисии и институции.

За нови членови на КСЗД со петгодишен мандат од членовите на Кoмисијата за именувања и избори добија кандидатите Флора Кадриу, дипломиран професор по одделенска настава од Скопје, Душан Томшиќ, дипломиран социјален работник од Скопје и Зекир Абдулов, дипломиран правник од Делчево. Драгана Дрндаревска, дипломиран правник од Скопје доби поддршка од членовите на Комисијата за мандат од 1 година 2 месеци и осум дена. На конкурсот беа пријавени 25 кандидати, меѓу кои и актуелните членови на Комисијата Исмаил Камбери и Весна Бендевска.

Кандидатката Ана Николоска, дипломиран правник од Охрид го помина комисискот филтер за претседател на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Додека, за членови на Комисијата добија поддршка кандидатите Неџати Алија дипломиран економист од Скопје и Розана Ванковска, дипломиран правник од Скопје.

Во рамки на денешната седница беше утврдена предлог-одлуката за именување на членови на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации. За членови од седум пријавени кандидати, поддршка добија кандидатите Владимир Станивуковиќ, од Скопје, дипломиран менаџер по бизнис – логистика и Ервин Реџепагиќ од Скопје, дипломиран инженер по електроникаинформациски технологии.

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ на собраниската Комисија за именувања и избори побараа да биде повлечен предлогот за кандидатот Владимир Станивуковиќ, бидејќи, како што рекоа, тој не ги исполнува законските услови и оти е претседател на општинската организација на СДСМ во Карпош.

За член на Комисијата на Агенцијата за пошти беше утврден кандидатот Борче Груевски, дипломиран економист од Битола, кој конкурира за втор мадат.

Утврдување предлог-одлука за избор на здружение од областа на човековите права, полициското

На денешната седница на Комисијата утврдена беше предлог-одлуката за избор на здружение од областа на човековите права, полициското право и правосудството за механизмот за граѓанска контрола во состав на Народниот правобранител. На огласот се пријавила Здружението на граѓани за истражување, анализи и развој ја јавни политики Евротинк – Центар за европски стратегии, која го нoминира Александар Стојаноски, дипломиран правник од Скопје.

Сите овие кандидати кои го поминаа комисискиот филтер, треба да се најдат на гласање на пленарна седница на Сoбранието.

Треба да знаете
Последни објави