Search

(ВИДЕО) Убиен напаѓачот од Универзитетот во Прага, целата зграда се евакуира

Во пукотниците на Универзитетот во центарот на Прага загинаа неколку луѓе, а десетици се повредени. Полицијата соопшти дека напаѓачот е елиминиран и дека во моментов целата зграда се евакуира.

Според агенцијата Aktu.cz, напаѓачот најверојатно користел долго оружје со оптика. Чешките медиуми објавија и фотографија од осомничениот.

-По првите информации можеме да потврдиме дека на лице место има мртви и повредени – соопштија од полицијата на мрежата Х.

Оттаму додаваат дека моментално има полициска интервенција на лице место, а целиот плоштад Јан Палах и околината е целосно затворен.

На снимките од местото на настанот се гледаат луѓе како излегуваат од зградата на Факултетот за уметности на Карловиот универзитет, опкружени со полицајци.

Според ЧТК, студентите споделуваат информации на Интернет дека луѓето се затворени во училниците или во библиотеката и дека се евакуираат и учениците од училниците на улицата Челетна.

Спасувачката служба соопшти дека на местото пристигнале голем број екипи, како и специјалното возило „Голем“ кое се користи во масовни катастрофи.

„На лице место веројатно има повеќе повредени. „Се уште немаме информации за видот и бројот на повредени“, додаваат спасувачите.

Треба да знаете
Последни објави