Search

Морент се врати со стил, погоди за победа во последната секунда

Џа Морант се врати на паркетот во голем стил, откако поради недоличното однесување одлежа суспензија од 25 натпревари. Со флотер, со звукот на сирена му донесе победа на Мемфис во Њу Орлеанс 115:113.

По првото полувреме, Гризлис имаа негатива од 19 поени и се чинеше дека се пред нов пораз во очајната сезона за нив.

Сепак, во последната четвртина на сцена стапи Морант. Во возбудливиот финиш, тој ги погоди последните три шута за неговиот тим, вклучувајќи го и оној за победа во натпреварот, што го доведе тимот од Тенеси до седмата победа во сезоната.

Морант мечот го заврши со 34 поени, шест скока и осум асистенции. Џексон го следеше со 24 поени и осум скока. Кај Њу Орлеанс Инграм постигна 34 поени, додека Валанчиунас 22 поени и 14 скока.

Голден Стејт надомести негатива од 11 поени против Бостон Селтикс во последната четвртина и победи со 132:126 по продолжение. Блескаше Стеф Кари со 33 поени. Кај поразениот тим Вајт имаше 30, а Браун 28 поени.

Милвоки стигна до петтата последователна победа, слевеше над Сан Антонио 132:119. Сите дилеми ги решија веќе во првото полувреме. Лилард застана на 40 поени, додека Адетокунбо оствари трипл дабл со 11 поени, 14 скока и 16 асистенции.

Феникс игра по системот топло-ладно. Забележаа пораз од Портланд со 109:104, иако по првата четвртина имаа 16 поени предност. Не помогнаа ниту 40-те поени на Кевин Дурент. Кај победниците се истакна Симонс со 23 поени.

Треба да знаете
Последни објави