Утрово во Скопје и околината почувствуван е земјотрес со слаб интензитет.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција, потресот се случил во 9 часот и 54 минути според локално време.
Епицентарот е на тромеѓето меѓу Македонија, Косово и Србија. Земјотресот најмногу бил почувствуван во главниот град и неговата околина.