Search

Краткиот игран филм „Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески на HBO MAX

Краткиот игран филм „Дали си маж“ по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески ќе се прикажува на една од најголемите светски онлајн платформи HBO MAX. Ова е голем успех за продукцијата Минимал колектив, за актерите и екипата и уште еден подвиг на македонската кинематографија.

Сите љубители на кратката форма на филмови во 21 земја во Европа, вклучувајќи ја и македонската публика, ќе можат да го погледнат филмот од 1 јануари 2024 на програмите на европскиот сервис на HBO MАХ, истакнуваат од продукцијата.

Главната улога во филмот ја игра деветгодишниот Данило Ивановски, а во останатите улоги се: Душица Настова, Сашко Коцев, Драгана Костадиновска, Александар Микиќ, Анастасија Ласовска, Ѓорѓе Нешковиќ, Лила Милиќ и Мими Таневска Србиновска. Кастинг директор е Билјана Драгиќевиќ Пројковска.

Директор на фотографија е Наум Доксевски, сценограф Симо Бранов, костимограф Жаклина Крстевска, шминка Жанета Димитриевска, снимател на тон Бојан Паликуќа. Монтажата ја изработи Мартин Иванов.

Филмот е во продукција на Минимал колектив Скопје и Сет Сеил Филмс од Белград.

Продуцент е Ивана Шекуткоска, а копродуцент е Андријана Софраниќ Шуќур.

Дистрибутер на филмот е француската компанија Премиум филмс со седиште во Париз.

Филмот е поддржан од Агенција за филм на Македонија и Филмски центар Србија.

Треба да знаете
Последни објави