Каевски: Со ДПМНЕ нема ЕУ, тоа го призна и Мицкоски

Интегрален текст од прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ:

Почитувани граѓани,

Јавно, во интервју за “360 степени” Христијан Мицкоски потврди дека неговата ДПМНЕ сака целосна блокада на евро-интегративниот процес на земјата.   

Прашан за противењето на ДПМНЕ за гласањето на уставните измени и дека тоа може да значи нови 10 години блокада на пристапот кон ЕУ Мицкоски рече, цитирам:

„може да бидат и сто години” и додаде „а можеби и никогаш да не биде”.

Признанието на Мицкоски е јасна потврда, со ДПМНЕ и Левица нема членство во ЕУ, нема напредок, нема иднина.  

Антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица сакаат да ја вратат државата назад, во мрачно минато, во изолација, скарана со сите.

Кочењето на европскиот пат е на директна штета на граѓаните,  на повисок стандард, поголеми плати, поголеми пезнии, подобра иднина за младите.

Тоа еднаш сме го виделе, кога 11 години бевме заглавени.

Антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица е закана за европската иднина на земјата и мора да биде поразена.

Изборите ќе бидат своевиден референдум за иднината на земјата.

Изборот е јасен, напредок и членство во ЕУ со СДСМ, изолација и стагнација со ДПМНЕ.

Граѓаните немаат нови години за губење во изолација, неизвесност и стагнација.

Со глас за проевропската коалиција предводена од СДСМ на претседателските и на парламентарните избори граѓаните избираат членство во ЕУ, повисоки плати и пензии, напредок и сигурна иднина.

Треба да знаете
Последни објави