Search

Доктор Андоновска од ГРОМ: Собранието да ја достави дипломата на пратеникот Јаревски

Политичката партија ГРОМ денеска преку својата потпретседателка и советничка во Советот на општина Карпош Добрила Андоновска од Собранието на Македонија побара информации од јавен карактер поврзани со образованието на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Карпош, Тони Јаревски. 

„Ова го бараме од причина што кај одреден број граѓани што нѐ гласаат, постои основано сомнение за невалидни дипломи за стекнато факултетско образование. Ценам дека без разлика на кое ниво на власт ги претставуваме граѓаните на нашата општина, треба да сме крајно транспарентни и да бидеме со високи морални квалитети. Очекуваме дека во најбрзо време ќе ја добиеме потребната информација од Собранието“ рече Андоновска.

Треба да знаете
Последни објави