Саниран дефектот поради кој без вода беше голем дел од централното подрачје во Скопје

Дефектот на водоводна цевка поради кој вчера голем дел од центарот на Скопје остана без вода е саниран ноќеска во 03:50 часот.

Како што информираа од „Водовод и канализација“ , причина за дефектот беше пукната цевка Ф -600. Екипите на Водовод во текот на вчерашниот ден беа на терен и работеа со целосна механизација за отстранување на дефектот.

Треба да знаете
Последни објави