Search

Нов кикс на Барселона

Актуелниот фудбалски шампион на Шпанија, Барселона трет натпревар во серија нема победа. По поразите од Жирона во Ла Лигата и од Антверпен во Лигата на шампионите, избраниците на тренерот Чави од гостувањето на „Месталја“ кај Валенсија се враќаат само со реми (1:1) во 17. коло од Ла Лигата.

Барселона создаваше шанси, но не и реализираше. По новиот кикс на Барса се зголомува притисокот врз тренерот Чави кој се повеќе станува мета за критики меѓу навивачите.

По првото полувреме без голови, Жоа Феликс постигна гол за водство во 55 минута, но Гиљамон израмни во 70 минута на 1:1. Барселона со 35 бода е зад Реал Мадрид (39 бода) и Жирона (41) кои имаат и натпреаври помалку.

Севиља на домашен терен е поразена убедливо од Хетафе (0:3).

Треба да знаете
Последни објави