Search

Во очекување нови преговори за примирје, на тапет се најде израелскиот премиер Нетанјаху

Додека во Осло се очекува средба меѓу катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман ал Тани и директорот на израелската разузнавачка агенција Мосад, Давид Барнеа, за ново примирје и ослободувањето на заложниците, убиството по грешка на тројца израелски заложници во Газа од страна на израелски војници предизвика негодувања против премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговата влада.

Постојат значителни пречки на патот за заживување на преговорите за заложниците, како и несогласувања во Хамас околу потенцијалните услови на договорот, се додава во извештајот врз основа на обезбедените информации.

За време на еднонеделниот прекин на огнот кон крајот на ноември, Хамас ослободи повеќе од 100 жени, деца и странци кои беа држени во Газа во замена за ослободување на 240 палестински жени и тинејџери.

Треба да знаете
Последни објави