Search

Ватикан осуди кардинал на пет и пол години затвор

Судот во Ватикан денеска го осуди италијанскиот кардинал Анџело Бечиу за проневера на пет години и шест месеци затвор. Бечиу е поранешен советник на папата Фрањо и е највисокиот функционер на црквата што некогаш застанал пред кривичниот трибунал на Ватикан. Судскиот процес против Бечиу траеше две и пол години во кој тој беше обвинет за проневера, злоупотреба на службената положба и обид за лажно сведочење, пренесуваат британските медиуми.

Папата Франциск во 2020 година го разреши кардиналот Бечиу од функцијата поради непотизам, иако тој ги отфрли сите обвинувања.

Покрај обвинувањата за пренасочување на ватикански средства кон компании или добротворни организации што ги водат неговите браќа во Сардинија, кардиналот е вклучен и во вработувањето на Сесилија Мароња, исто така од Сардинија, како дел од планот за ослободување на католичка калуѓерка киднапирана во Мали.

Мароња за таа работа во периодот 2018-2019 година од Ватикан добила 575.000 евра, но обвинителите тврдат дека парите биле префрлени на фирма што обвинетата ја отворила во Словенија, како и дека парите ги потрошила за свои потреби.

Треба да знаете
Последни објави