Хорор во Иран: Сепаратисти упаднаа во полициската станица, убивајќи 11 припадници на полицијата и армијата

Членови на сепаратистичка група ноќеска убиле 11 и раниле повеќе луѓе во напад на полициска станица во југоисточен Иран, јави државната телевизија.

Нападот се случил во градот Раск, на околу 1.400 километри југозападно од Техеран. Заменик-гувернерот на провинцијата Систан и Белучистан, Али Реза Мархемати изјави дека во нападот биле убиени и повредени високи припадници на полицијата и армијата, а полицијата убила неколку напаѓачи, пренесува АП.

Иранската државна телевизија ја обвини сепаратистичката група Џаиш ал-Адл за нападот, која во 2019 година ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад на автобус во кој загинаа 27 членови на иранската Револуционерна гарда.

Во последните месеци, милитантите и малите сепаратистички групи во претежно сунитскиот регион извршија неколку напади врз полициски станици. Провинцијата Систан и Балучистан е една од најнеразвиените области во Иран.

Треба да знаете
Последни објави