Фудбалските менаџери годинава направија рекордна заработка од 888 милиони долари

Менаџерите од реализираните трансфери на фудбалерите во клубовите од една земја во друга, годинава оствариле рекордна заработка од 888.1 милиони долари, објави денеска Федарацијата на интеранционалните фудбалски асоцијации (ФИФА).

Оваа остварена бројка во 2023 година во споредба со минатата 2022 година претставува зголемување за 42.5 отсто, а повеќе од една третина го надминува претходната рекордна заработувачка остварена во 2019 година.

Англиските клубови се најголемите потрошувачи во преселбата на фудбалерите. Клубовите од Островот потрошиле 280 милиони долари за посредничките услуги. По нив на листата следуваат клубовите од Саудиска Арабија со 86 милиони долари.

Вкупниот износ на остварената заработувачка на фудбалските менаџери е многу повисока, бидејќи извештајот на ФИФА ги покрива трансферите направени надвор од земјите каде настапувале играчите, но не и направените преселби од клуб во клуб во иста држава.

Треба да знаете
Последни објави