Search

Студен бран ја погоди Кина, затворени автопатишта

Бран од студено време кој зафати поголем дел од Кина, со температури под нулата ги принуди властите да ги затворат автопатите или да го ограничат сообраќајот во неколку провинции, по повеќекратните несреќи на замрзнатите делови од патот.

Според прогнозата на кинескиот Национален метеоролошки центар, температурите се очекува да се спуштат под минус 40 степени целзиусови во делови од североисточната провинција Хејлонгџијанг и северозападниот регион Ксинџијанг, како и во провинциите Внатрешна Монголија и Гансу и Чингхај.

Студениот бран започна на почетокот на неделата и се движи од северот на Кина кон југ, а температурите се очекува да се спуштат уште пониско во текот на викендот, додека метеоролозите предвидуваат дожд и снег, пренесува Ројтерс.

Траектите и некои автобуси се привремено суспендирани во Шангај, каде што се очекуваат температури околу минус 6 степени во текот на викендот.

Пекинг и провинциите Џиангкси и Шанкси, исто така, презедоа мерки за зачувување на овошјето и зеленчукот од смрзнување, јавуваат кинеските државни медиуми, пренесува Танјуг.

Треба да знаете
Последни објави