Search

Спасовски: Имам добри односи со сите досегашни претседатели на СДСМ

Во синоќешното гостување во „Само интервју”, на Канал 5 телевизија, запрашан околу односите со поранешниот премиер Зоран Заев и дали се разговарало за широка Влада, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека тој имал добри односи со сите досегашни претседатели на СДСМ.

„Јас имам добри односи со сите претседатели на СДСМ кои биле во изминатиот период, сум работел во партијата кога секој од нив бил претседател и со големо задоволство разменувам и мислења во однос на актуелните случувања, состојби итн., и совет да се побара од сите претседатели. Не треба никогаш да се бега од разговор, затоа што само низ разговор може да дојдеме до расчистување на состојбите”, рече Спасовски.

Министерот за внатрешни работи истакна дека дека не присуствувал на состанокот во партијата на којшто се разговарало на тема за широка Влада.

„Тој состанок на којшто присуствуваа повеќе актуелни и поранешни функционери на СДСМ се одржа минатата година, чинам на 16 декември. Јас не бев повикан на тој состанок и им благодарам на сите кои го организираа тој состанок на кој не сум присуствувал”, рече Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави