Search

Се распадна воз во Пекинг, над 100 лица се повредени

Во несреќа за време на шпицот на сообраќајот во метрото во Пекинг, најмалку 102 лица се здобија со скршеници на коските.

Несреќата се случила вчера вечерта на надземниот дел од пругата, а била зафатена од временските услови и снегот. Кинеската престолнина, каде што ваквите инциденти се ретки, изминатите денови беше погодена од снежно невреме, што влијаеше на сообраќајните услови и резултираше со доцнење на транспортот низ градот.

Несреќата се случила нешто пред 19 часот, кога последните два вагони на метрото се одвоиле од вагоните пред нив, известија властите. До околу 23 часот, вкупно 515 лица се испратени во болница на преглед, од кои 102 лица се здобиле со скршеници, објави државната телевизија ЦЦТВ.

До денеска во 6 часот, 423 лица се отпуштени од болница, соопшти ЦЦТВ, додавајќи дека 67 други се уште се на лекување, додека 25 лица се под опсервација. Нема регистрирано смртни случаи, објавија државните медиуми.

Прелиминарната истрага за инцидентот покажа дека снежното време предизвикало лизгави патеки и „деградација на сигналот“, што резултирало со несреќата, се вели во извештајот. Корисниците на социјалните мрежи објавија дека виделе патници како паѓаат на земја, а некои се жалеле на болки во грбот.

Треба да знаете
Последни објави