Search

Спасовски: Од 2006 до 2018 застанаа интеграциите, граѓаните имаат јасна претстава кој е тој којшто ги завршува работите, а кој само декларативно се залага за нешто

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, на темата околу рејтингот на СДСМ според анкетите и оптимизмот во партијата за нова победа на изборите, рече дека во тек се подготовките за изборниот процес во идната година, кога практично ќе има два изборни циклуси.

„Сето она што го имаме ние како анализа и сето она за идеи, концепции, јасни визии, стратегии итн., за државата, коалицијата која што е околу СДСМ и околу Владата,генерално, т.е. Европскиот фронт кој што знае што прави, што сака, каде треба да стигнеме, која е иднината на државата која што нуди извесност – сето тоа е основа на која што треба да се надгради понудата со која што ќе се излезе пред граѓаните. И токму заради тоа што е направено досега како проекти, како остварувања на национални интереси, како заштита на националните интереси – тоа е кредибилноста со којашто влегуваме во следните избори“, рече Спасовски.

Околу прашањето дали и колку Европскиот фронт е гаранција дека граѓаните би гласале, министерот Спасовски потсети дека од 2006 до 2018 година застанаа интеграциите. 

„Граѓаните треба да имаат јасна претстава за тоа кој е тој којшто може да ги завршува работите и кој е тој којшто само декларативно се залага за одредени состојби кои што ги има. Тука сме и ќе направиме сѐ за оваа опција, којашто ја гарантира извесноста на граѓаните, да има можност да ја формира следната Влада“, подвлече Спасовски.

Тој потсети и на дилемите во 2020, токму поттикнати оданкетите и коалицијата којашто тогаш беше направена, но на крајот изборите завршија со победа на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави