Search

Одредени сите учесници во плејофот од фудбалската Лига на шампиони

По завршување на групната фаза од фудбалската Лига на шампиони познати се сите учесници во плејофот. 

Од секоја од осумте групи, во плејофот се пласираа двете селекции кои ги освоија првите две места.Последни учество во следната фаза синоќа изборија ПСЖ и Порто.

Од првото место до осминафиналето на плејофот во ЛШ стигнаа: Баерн, Арсенал, Реал Мадрид, Реал Сосиедад, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Манчестер сити и Барселона.

Како второпласирани во плејофот одат: Копенхаген, ПСВ, Наполи, Интер, Лацио, ПСЖ, Лајпциг и Порто.

Ждрепката за осминафиналето ќе се одржи в понеделник на 18 декември во Нион (Швајцарија) со почеток во 12 часот.

Клубовите кои се пласираа во плејофот од истата група нема да можат да се сретнат меѓу себе во 1/8 финалето. Исто така, во оваа фаза екипи од иста земја нема да можат да играат меѓу себе.

Победниците на групите ќе бидат носители на ждрепката и нема да можат да се паднат меѓу себе.

Првите натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите 2023/24 ќе се играат на 13, 14, 20 и 21 февруари, а реваншите на 5, 6, 12 и 13 март.

Финалето на Лигата на шампионите оваа сезона ќе се одржи на стадионот „Вембли“ во Лондон на 1 јуни 2024 година. 

Треба да знаете
Последни објави