Search

Избор на ИТФ: Ѓоковиќ по осми пат светски шампион

Новак Ѓоковиќ очекувано по осми пат во кариерата беше прогласен за светски шампион од Меѓународната тениска федерација (ИТФ).

Како што се наведува во соопштението, Ѓоковиќ ги освои титулите на Австралија Опен, Ролан Гарос и УС Опен и со тоа го подобри својот рекорд по бројот на титули на Грен слем турнирите.

Во женска поединечна конкуренција во 2023 година, најдобра играчка е белоруската тенисерка Арина Сабаленка, која сезоната ја заврши на второто место зад Ига Швионтек.

-Им честитаме на нашите светски шампиони на ИТФ за 2023 година – изјави претседателот на ИТФ, Дејвид Хагерти.

Беа доделени и други награди, а за најдобри машки двојки по втор пат беа избрани Раџив Рам и Џо Солсбери.

За дамите во тоа натпреварување немаше дилема, со оглед на тоа што Сторм Хантер и Елис Мертенс годината ја завршија како прва и втора тенисерка во двојки во светот.

Треба да знаете
Последни објави