Search

Ердоган: САД имаат историска одговорност да обезбедат прекин на огнот во Газа

Соединетите Американски Држави (САД) имаат историска одговорност да обезбедат прекин на огнот во Газа, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во разговор со американскиот претседател Џо Бајден.

Дирекцијата за комуникации на Кабинетот на турскиот претседател соопшти дека за време на телефонскиот разговор меѓу Ердоган и Бајден се разговарало за израелските напади врз Појасот Газа, членството на Шведска во НАТО, прашањето за Ф16 и билатералните односи.

Како што јави Анадолу, Ердоган му рекол на Бајден дека е неопходно да се каже „стоп“ на човечката трагедија во Газа и дека американското повлекување на безусловната поддршка за Израел може брзо да обезбеди прекин на огнот.

Тој предупреди дека продлабочувањето и продолжувањето на израелските напади може да има негативни регионални и глобални последици.

Треба да знаете
Последни објави