Search

Во некогашните простории на тетовската библиотека ќе се смести Европската куќа

Не е точно дека се помали просториите во кои е сместена НУ Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово. Напротив, установата има и помошни простории на следниот кат во Центарот за култура. Во просторот каде што беше библиотеката сега ќе се смести Европската куќа и тоа ќе помогне за збогатувањето на културниот живот, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Таа денеска за време на нејзината работна посета во Општина Тетово во одговор на новинарско прашање изјави дека депото во новиот објект е веќе готов и дел од книжевниот фонд е сместен таму, а самата библиотека до крајот на 2027 година треба целосно да се пресели во новиот објект.

-Навистина многу м е жал што една дејност како библиотечната беше злоупотреба за некои други цели, а не за културата. Она што се случи всушност со НУ Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово е тоа што се премести во нови простории, кои воопшто не се помали како што беше известувано на неколку наврати. Установата доби ист простор, а дури доби и плус помошни простории на следниот кат во Центарот за култура, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа додаде дека сместувањето на Европската куќа на простор каде што престојувала библиотеката, е нешто што на овој град му треба и тоа ќе помогне во збогатување на културниот живот.

Треба да знаете
Последни објави