Search

Времето кое ви е потребно за да заспиете ја открива вашата здравствена состојба

Сонот е неопходен за човечкото тело, а лекарите често истакнуваат дека на човекот му требаат околу осум часа сон дневно.

Меѓутоа, ако ви треба долго време за да заспиете, тоа може да го намали времето на спиење и да влијае на вашето здравје.

Според лекарот за критична нега, Бред Рапер, нормално е да одвоите некое време за да заспиете ноќе, но тоа може да обезбеди увид во вашето здравје.

Таканаречената латентност на спиење е времето кое ви е потребно за да заспиете. Овде се мери периодот помеѓу моментот кога човекот заспива и почетокот на спиењето.

Освен што дава увид во севкупниот квалитет на спиењето, покасното заспивање може да влијае на тоа колку спиете во целина. Со текот на времето, недостигот на сон може да го зголеми ризикот од здравствени проблеми како што се дебелина, висок крвен притисок, дијабетес, срцеви заболувања и депресија.

Рапер наведува дека вообичаено се потребни меѓу 10 и 20 минути за здрав возрасен човек да заспие. Ако одвојувате помалку време за да заспиете, тоа може да биде знак дека сте преуморни.

Најчеста причина е општ недостиг на сон, но може да биде и знак за некои нарушувања како нарколепсија или нарушување на деноноќниот ритам.

Од друга страна, ако ви требаат повеќе од 20 минути за да заспиете, може да страдате од несоница, која најчесто е предизвикана од стрес, анксиозност или депресија, а во некои случаи, нарушување на спиењето познато како синдром на немирни нозе.

Важно е да се истакне дека одредени лекови, исто така, можат да ја продолжат латентноста на спиењето, како што се стимуланси и антидепресиви кои не се смирувачки.

Треба да знаете
Последни објави