Search

Спасовски учествуваше во СДСМ Куманово „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Вечерва со посебно задоволство учествував на панел-дискусија во мое Куманово, заедно со моите другарки и сопартијки од СДСМ, а во во рамки на  кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“, во организација на Форумот на жени на СДСМ Куманово.

Ако до пред две децении за овој негативен социолошки  феномен се зборуваше тивко и во затворен круг, а аналогно на тоа и малку се дејствуваше, денес тој е во фокусот на јавниот и институционален интерес како приоритетен проблем и за него гласно се зборува.

Полицијата јасно ги препознава своето место и улога во целиот тој процес на превенција, заштита и гонење на сторителите на насилство врз жени, семејното и родово базирано насилство. И, секако, нашиот стремеж секогаш треба да биде насочен кон апсолутна институционална и кривично-правна нетолерантност кон оваа појава.

И оваа кампања треба да ја разбереме како еден од инструментите што ни стојат на располагање, а во насока на превенирање на родово базираното насилство – да изградиме нулта толеранција на сите форми на родово базирано насилство кај секој од нас, кај надлежните институции и во секоја сфера на живеењето – во семејствата, во училиштата, на работните места, на интернет, во медиумите, во јавните простори, бидејќи наша заедничка обврска е да им овозможиме на сите да се чувствуваат безбедни и сигурни во заедницата во која живеат.

Треба да знаете
Последни објави