Search

Лукаревска: МВР и обвинителството беа на висина на задачата и покажаа врвен професионализам


„Дозволете да изразам најдлабоко сочуство до најблиските на Вања и и Панче. Јавноста е навстина згрозена од сето ова кое го видовме изминативе денови. Денеска прочитав и на еден странски медиум за сторителот дека станува збор за фашистички политичар кој убил дете.Тоа е всушност и одликата на се она кое што се случуваше. МВР и обвинителството беа на висина на задачата и покажаа врвен професионализам, а од друга страна безбедносниот аспект не смееме да го потцениме целиот период се работело дискретно и професионално како доликува на една земја членка на НАТО и земја која сака да биде дел од европското семејство,“ рече заменик претседателката на СДСМ и директорката на Управата за јавни работи, Сања Лукаревска во емисијата 24 Анализа на ТВ 24.
Таа посочи дека неумесно е да се коментира и да се остави на експертите кои си ја знаат работата да си ја сработат. Како и дека во ваква траорна ситуација треба политиката да се тргне настрана и да не се купуваат политички поени.

Треба да знаете
Последни објави