Search

Костадиновска Стојчевска: Секој проект што сме го поддржувале во минатото ќе продолжиме да го поддржуваме и понатаму

Секој проект што сме го поддржувале и финансирале во минатото ќе продолжиме да го поддржуваме и понатаму, а сме отворени и за нови проекти, порача денеска министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која нагласи дека како министерка се залага секоја година да имаме повисок буџет за културата.

-Новиот предлог буџет за 2024 година ќе се задржи во рамките на она што веќе го имавме во 2023 година кога дадовме одлична поддршка на сите проекти во делот на културата и тоа не само на националните установи, туку и на другите корисници. Се надевам дека националните установи ќе реализираат и проекти од сопствени средства, рече Костадиновска Стојчевска при денешната посета на Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Штип.

Нагласи дека и покрај предизвиците од ковид, енергетската и безбедносната криза во изминатиот период националните установи успеаја да ги реализираат своите проекти.

За забелешката од некои општини дека Министерството за култура не се однесува еднакво кон сите локални самоуправи, порача дека тоа зависи од начинот на кој општината ја вреднува културата и на кое ниво е свеста на општинската администрација за вложувањата во култура.

Треба да знаете
Последни објави