Search

И адвокатот Стојков повикан на распит во полициска станица

И адвокатот Васко Стојков попладнево е повикан на распит во полициска станица. Стојков со своето возило го однел во Белград, Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски (74).

МВР информираше дека во Белград, Палчо пристигнал со неговиот адвокат, по што со изјава се огласи Стојков, кој во тие моменти воопшто не знаел дека Палевски е осомничен за двојното убиство.

– Ме замоли да го однесам во Белград бидејќи нема возило, а не можел да обезбеди нотар да му се преведе возилото. Јас не знаев ништо за оваа работа. Знам дека требаше да оди во Белград на преглед. Се вратив во Скопје. Палевски ми рече дека ако не е во ред ќе оди на преглед во Истанбул. Кога се вратив полицијата правеше претреси, ме прашаа и тогаш им кажав, изјави Стојков на 4 декември по враќањето од Белград.

Треба да знаете
Последни објави