Search

Европол: Запленети 260.000 литри маслиново масло,разредено со масло кое не е за јадење

Продажбата на лажно маслиново масло, предупредува Европол, стана вообичаена во земјите што произведуваат маслиново масло како Шпанија и Италија. Утврдено е дека членовите на организираните криминални групи вклучени во измами со храна користат т.н „лампанте масло“, вид маслиново масло кое не може да се консумира, за да го разредат својот производ.

Во акцијата ОПСОН, чија цел беа криминални групи кои се занимаваат со препродажба на фалсификувана или расипана храна, биле запленети 260.000 литри лажно маслиново масло кое било рекламирано и продавано како оригинално, односно како „екстра девствено маслиново масло“, пишува Вечерњи лист.

Во заедничка акција на италијанската и шпанската полиција уапсени се 11 лица. Во рации извршени во Италија и Шпанија, запленети се четири автомобили, 91.000 евра и разни документи. Италијанските истражители пребарале три фабрики за маслиново масло во Сицилија и Тоскана, за кои се сомневале дека произведуваат лажно маслиново масло. Покрај тоа, Европол испрати своја мобилна канцеларија во Шпанија со цел да се забрза споредбата на земените примероци од маслиново масло.

Маслиновото масло „лампанте“ се карактеризира со висока киселост, непожелен вкус и исклучително непријатен мирис, поради што не е погодно за консумирање. Европол, исто така, појаснува дека терминот „лампанте“ доаѓа од неговата историска употреба кога се користел како гориво во маслените светилки.

Треба да знаете
Последни објави