Претрес во Штип, пронајдени разни видови дрога, приведени две лица

МВР информира дека на 05.12.2023 во 06.30 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода И.В.(34) од Штип и Л.М.(55) од Велес.

При претрес во домот на И.В., извршен со судска наредба, во кој бил затекнат и Л.М., биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, бела прашкаста материја, предмети со остатоци од бела материја, дигитална вага и други предмети поврзани со делото.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави