Search

Завршна конференција на проектот ,,Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)“ 

Резултатите од спроведеното истражување за „Состојбата со насилство на младите во С. Македонија” покажуваат дека повеќе од 70 отсто од испитаниците го делат ставот дека најчест тип насилство кај младите е врсничкото насилство, а речиси 60 отсто од нив сметаат дека тоа е меѓуетничкото насилство.

Овие резултати укажуваат на фактот дека состојбата со насилство кај младите, нивната радикализација која може да води до насилен екстремизам и тероризам, е нестабилна. Целта на ова истражување било да се испита перцепцијата на младите, на граѓанските организации, на младинските работници и експертите за состојбата со младите и различните форми на насилство. 

Во рамки на проектот „Платформа за граѓанско образование на млади за борба против радикализација (Младите против насилство)” е креирана целосно функционална Платформа на граѓански организации (Платформата ,,Младите против насилство”) кои работат на полето млади и разните видови насилство и донесен е Стратешки план за работа за периодот 2024 – 2025 година, преку партиципативен процес на членките во работните состаноци кои се одржаа во Куманово, Струга и Скопје.

Треба да знаете
Последни објави