СДСМ обезбеди евтина тарифа и субвенционирање на сметките за струјата до 90%

СДСМ го штити стандардот на граѓаните. Со мерката за воведување дневна евтината тарифа на електрична енергија, просечно семејство заштедува над 1000 денари на месечната сметка за струја.Секој ден од 13.00 до 15.00 часот граѓаните имаат зголемена можност за евтина струја, како и од 22.00 до 07.00 часот и цел ден во недела, се вели во писмената реакција на СДСМ и додаваат:

-Тоа се вкупно 11 часа дневно евтина цена за струја секој ден и дополнително цел ден во недела. Враќањето на евтината тарифа е во вистинско време, затоа што трошоците на граѓаните се зголемуваат во период на зима. Допонително СДСМ го штити стандардот на народот и со мерката за субвенционирање на сметките за струја во висина од дури 90%. Со СДСМ секој добива повеќе.

Треба да знаете
Последни објави