Search

Од среда не очекуваат дожд и снег

До вторник до крајот на денот ќе се задржи стабилно и суво време, а нов влажен бран ќе започне од ноќта кон среда, информираат од УХМР. 

Утре преку ден ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец. Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Слично време ќе биде и во вторник, а во ноќните часови ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад и врнежи од снег кои ќе се задржат и во средата.

Врнежите ќе престануваат во четврток во текот на денот, а нови врнежи се очекуваат на почетокот на следниот викенд. Услови за појава на магла ќе има особено во вторник и среда наутро.

Треба да знаете
Последни објави