Search

Хамас: Бајден е воен злосторник кој даде „зелено светло“ на израелската „агресија“

Член на Политичкото биро на Хамас објави соопштение во кое се вели дека администрацијата на Бајден дала „зелено светло на оваа ционистичка агресија и војна за геноцид и етничко чистење“, објави НБЦ њуз.

Во соопштението понатаму се тврди дека САД „безобразно ги повторуваат ционистичките лаги“ дека Хамас е одговорен за непродолжување на примирјето.

Членот на Хамас потоа ги нарече претседателот Џо Бајден и државниот секретар Антони Блинкен „воени злосторници“ кои „дејствуваат како гласноговорници на мрачниот ционистички пропаганден апарат“.

По оваа изјава, Исламскиот џихад објави дека лансирал ракети кон Ерусалим.

Треба да знаете
Последни објави