Search

Најмалку 10 лица загинаа во бомбашки напад во Ирак

Најмалку 10 лица загинаа, а 14 се ранети вечерва во бомбашки напад покрај пат и пукање врз возило и спасувачи во источната ирачка провинција Дијала, соопштија два безбедносни извори.

Како што наведоа, нападот во близина на градот Амранија бил насочен кон роднините на локалниот политичар.

Оттаму додаваат дека две бомби биле фрлени покрај патот, а непознати напаѓачи отвориле снајперски оган врз мештаните кои пристигнале на местото на настанот за да помогнат.

Треба да знаете
Последни објави