Search

Претседавачот со ОБСЕ Османи ќе се обрати на Паралелната конференција за Граѓанско општество

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денес ќе се обрати на Паралелната конференција за Граѓанско општество во рамки на завршната сесија посветена на Декларацијата од Скопје која претставува официјален документ и патоказ за понатамошна соработка помеѓу ОБСЕ и граѓанските организации со конкретни заложби и насоки за нивно спроведување.

Покрај министерот Османи на конференцијата ќе се обратат и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид, генералниот секретар Матео Мекачи, директорката на ОБСЕ/ОДИХР, Тереза Рибеиро, претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Каират Абдракхманов, високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Маргарета Цедерфелт и други гости на конференцијата.

Настанот се одржува во просториите на МНР. Сесијата на која ќе се обрати министерот Османи започнува во 18:00 часот.

Треба да знаете
Последни објави