Search

Осумдесет години Ден на Републиката!

Денеска е 29 ноември – најголемиот и најзаначајниот празник во поранешната заедничка држава СФРЈ – Ден на Републиката. Се празнуваше два дена. На денешен ден пред 80 – години (29.11.1943 година) се одржа второто заседание на АВНОЈ, во Јајце каде беше формирана Социјалистичка федеративна република Југославија. За првпат своја државност стекна и Македонија, денешната која е независна и суверена со свој идентитет, јазик култура… И Македонија задсебе има 80 години од својата државност.

Во Јајце беа поставени темелите на новата федеративна држава на југословенските народи. Југославија беше формирана како федерација од шест рамноправни републики: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија.

Главните одлуки донесени на Второто заседание на АВНОЈ се:

  • АВНОЈ се конституира во законодавно и извршно претставничко тело на Југославија, како врховен претставник на народите и со воспоставува Национален комитет за ослободување на Југославија, со сите обележја на народна влада.
  • Од значење за Македонците е што за прв пат се конститутивен, државотворен, рамнооправен народ на една современа држава.
  • На владата во бегство и се забранува враќање во земјата и се одземаат сите права на законска влада на Југолсвија, а исто така се забранува и враќањето на кралот Петар II Караѓоѓевиќ, до завршувањето на војната кога народот ќе одлучи дали сака монархија, или република.
  • Сите обврски кои во странство ги склучила владата во бегство не се приазнаваат.
  • Југославија ќе се гради по демкратски принцип како државна заедница на рамноправни народи.
  • Со посебна одлука под број 7, а по предлог на словенечката делегација предводена од д-р Јосип Видмар, Тито се прогласува за Маршал на Југославија.
Треба да знаете
Последни објави