Search

Калевска Ванчева: Има повеќе причини СДСМ повторно да ја добие довербата, но клучна е европска иднина за граѓаните

Има повеќе причини СДСМ повторно да ја добие довербата на граѓаните на изборите, но клучна е европската иднина на граѓаните, рече пратеничката Снежана Калевска Ванчева во своето гостување во Слободен печат.
 -СДСМ е партија која ја внесе државата како полноправна членка на НАТО и водовме сега што значи тоа во време кога има вооружени конфликти на тлото на Европа и на Блискот Исток. Но видовме што значи и економски. Дополнително европскиот пат го започна СДСМ, ги отпочнавме и преговорите со ЕУ, и колку и да сака тоа да го негира ДПМНЕ, ние скринингот го финишираме., рече Ванчева.
-Во делот на економијата секогаш може подобро, но во време кога државата се справува со енергетската криза, ние нудиме политики кои се на здрава основа, како и последниот пакет мерки од 662 милиони евра со кој ги помагаме граѓаните, младите, пензионерите, имаме закрепнување и развој на економијата, додаде таа.
Ванчева потенцираше дека постојано граѓаните се соочуваат со блокадите од ВМРО-ДПМНЕ, како и со сценаријата на Левица во Собранието.
-Овој пратенички состав почна во време на пандемија, па следуваше економска и енергетска криза а од страна на опозицијата беше спроведена активна блокада. Јавноста знае дека ние со таа активна блокада на ДПМНЕ се соочуваме од самиот почеток. Научивме со тргни-застани да се бориме но веќе во последно време попуштаа таа блокада, можеби затоа што се ближат изборите и сакаат друг впечаток да остават. Јас би сакала ДПМНЕ да се демократизира, но не верувам. Законодавниот дом, каде што се народните претставници треба да биде највисокиот храм на демократијата. Секој народен избраник има обврска да работи за дојде до решение за доброто на граѓаните и државата, но дијалогот не подразбира блокади или она што го прави Левица, рече пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева.

Треба да знаете
Последни објави