Search

Во Словенија возачите нема да смеат да имаат ниту промил алкохол во крвта, а ако предизвикаат тешка сообраќајка под дејство на алкохол ги чека казна и до 130.000 евра

Словенечкиот парламент ја усвои Резолуцијата за национална програма за безбедност на патиштата за следните седум години, која предвидува ограничување на брзината од 30 километри на час на некои патни правци, а возачите нема да смеат да имаат ниту промил алкохол во крвта.

Целта на новите мерки е да обезбедат до 2030 година да не загинат повеќе од 50 луѓе на патиштата и да нема повеќе од 400 повредени во несреќи.

Резолуцијата предвидува заострување на законската регулатива за повторените прекршоци и испитување на можноста за подигнување на регресното барање за предизвикување тешка сообраќајна незгода поради алкохол или недозволени дроги од 13.560 евра на 130.000 евра.

Документот предвидува и зголемување на возраста за корисниците на лесни моторни возила и е-велосипеди постари од 15 години и воведување обука за основците за дозвола за управување со е-велосипеди, по моделот на тестот за возење велосипед.

Резолуцијата предвидува развој на инфраструктурата со цел дополнително да се промовира безбедното користење на јавниот превоз, пешачење, возење велосипед и други форми на мобилност.

Треба да знаете
Последни објави