Search

Андонов: Концептот за Чебрен постои 30 години, но ниту една друга влада не успеа да го реализира

Од првиот тендер во 2006 година, концептот за Чебрен е ист. Нема ништо различно и нема ништо сменето, вели директорот за развој на инвестиции во ЕСМ, Виктор Андонов во интервју за Слободен печат.

-Нема никаков подарок кон Грција. Повеќе од три децении слушаме за проектот Чебрен што е испланиран пред 20-30 години, но за жал не е изграден. Од деведесетите години, од нашата независност сите се обидувале на ист начин да најдат инвеститор за Чебрен. Уште од 90-тите години имало некакви обиди од тогашното Електростопанство и имало заинтересирани европски компании за овој проект. Тогаш пред се биле австриски и германски компании. Првата процедура е започната во 2006 година – вели Андонов за Слободен печат.

Тој додва дека овој проект е составен дел на целиот комплекс интегрален развој на река Вардар.

Треба да знаете
Последни објави