Search

Поранешен велосипедист смета дека Ѓоковиќ треба да биде суспендиран бидејќи одбил да направи комплетен тест

Ако одбиете да направите тестирање, тогаш се смета дека сте позитивен. Ѓоковиќ го одби тестот пред натпревар и мора да биде суспендиран, смета поранешниот француски велосипедист Марк Мадио упатувајќи жестоки критики на адреса од најдобриот светски тенисер, откако не прифати да му биде направена анти-допинг контрола пред натпревар од Дејвис Купот.

Новак Ѓоковиќ беше одбран за допинг тест пред мечот со Камерон Нори во Дејвис Купот. Тој се спротистави за тајмингот, поради што нестивнуваат реакциите за ваквиот потег на најтрофејниот и најдобриот игрча во „белиот спорт“.

-Поддржувам да се спроведува тестирање, за мене или било кој друг спортист, но не пред натпревар. Што ќе промени? Ќе бидам тука, кога ќе заврши натпреварот, тестирајте ме. Ми преостанува вадење на крв. Се надевам дека ќе ја променат одлуката – изјави Ѓоковиќ по мечот со Нори во четвртфиналето од Дејвис Купот.

Поранешниот француски велосипедист Мадио, кој смета дека Новак треба да биде суспендиран бидејќи одбил комплетен тест.
– Имаме правило за контрола пред и по натпреварот. Тој одби тест пред натпревар. Ако антидопинг телото си ја врши работата, господинот Ѓоковиќ мора да биде суспендиран. Тој одбил тест пред натпреварот, а потоа направил. Во велосипедизмот се подвргнувате на тестот, ако одбиете, тестот е позитивен. Ако сте позитивни на тестот, ќе бидете казнети. Немате право да одбиете тестирање, тоа е правило – рече Мадио.

Поранешниот француски велосипедист во интервју за „Радио Монте Карло“,  продолжи да го критикува првиот светски рекет, изразувајќи сомнеж во неговата постапка.

– Во асортиманот на допинг производи постојат производи кои можат да се откријат за исклучително ограничено време. Ако не направите тест пред почетокот на натпреварот, времето додека се натпреварувате ви овозможува да ги елиминирате трагите од допинг производот. Затоа беше воведено тестирање пред натпревар. Нереално е да биде предупреден. Тоа веќе не е случајна проверка – смета Мадио.

Треба да знаете
Последни објави