Search

ОН: Лансирањето на севернокорејските проектили претставуваат сериозна закана

Помошникот на генералниот секретар на Обединетите нации Калид Кјари денеска изјави дека лансирањето на севернокорејските ракети претставуваат сериозен ризик за цивилната авијација и поморскиот сообраќај.

Тој на седницата на Советот за безбедност на ОН рече дека додека Северна Кореја ја известила јапонската крајбрежна стража пред лансирањето, таа не ги известила Меѓународната поморска организација, Меѓународната организација за цивилно воздухопловство или Меѓународната телекомуникациска унија.

Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас Гринфилд рече дека Северна Кореја „бесрамно се обидува да ги унапреди своите системи за нуклеарно оружје со тестирање на технологијата за балистички проектили“.

„Тоа е јасно прекршување на резолуциите на овој Совет. Станува збор за непромислено и незаконско однесување кое им се заканува на сите соседи и земји-членки на Северна Кореја“, рече Гринфилд на состанокот на Советот за безбедност. Министерството за надворешни работи на Северна Кореја претходно соопшти дека лансирањето на ракетата било насочено кон набљудување на САД и нивните сојузници. Пјонгјанг рече дека ќе продолжи да ги остварува своите „суверени права, вклучително и лансирање сателити“.

Треба да знаете
Последни објави