Search

Невреме проследено со силен ветер предизвика материјална штета на првиот крак на Халкидики

Општина Касандра на првиот крак на Халкидики претрпе материјална штета од синоќешното невреме проследено со силен ветер, а особено погодени беа приморските места Сивири, Пефкохори, Палиури и Полихроно, јави дописничката на МИА од Атина. 

Од општина Касандра соопштија дека ја регистрираат штетата и бараат да се прогласи вонредна состојба за брза санација. 

Ветерот достигнал јачина од 10 Бофори (над 55 километри на час) и предизвикал бранови во висина од 12 метри, кои стигнале до улиците и тротоарите. 

– Веќе побаравме од државата да не поддржи со прогласување вонредна состојба во општината за да постојат потребните средства што ќе ни помогнат да ги санираме штетите. Се надеваме дека нашето барање веднаш ќе добие одговор од надлежните министерства, рече градоначалничката на Касандра, Анастасиа Халкиа. 

Треба да знаете
Последни објави