Search

Бислимовски: Универзалниот снабдувач е обврзан да примени тарифен систем кој е усогласен со измените на законот за енергетика

-Универзалниот снабдувач со електрична енергија е обврзан да го примени тарифен систем, кој што е усогласен со измените на законот за енергетика, и да ги изврши пресметките за цените на електрична енергија кој треба да важат за универзалниот снабдувач, нагласи Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Тие пресметки, универзалниот снабдувач потоа ги доставува до Регулаторната комисија за енергетика и РКЕ, доколку има забелешки во однос на примената на тарифниот систем и начинот на кој што се извршени тие пресметки, носи посебна одлука и таа ја доставува до универзалниот снабдувач кој што е обврзан да ја примени. Крајните цени, наместо РКЕ, универзалниот снабдувач ќе ги објави со „Службен весник“. Тоа е концепт кој што е усогласен со европското законодавство и за првпат ќе го применуваме во Македонија“, рече Бислимовски.

Тој посочи дека промената е усогласување на нашето законодавство со европското. Во голем број земји членки на Европската Унија не постои универзален снабдувач, домаќинствата едноставно си купуваат енергија на слободниот пазар. Во оние земји каде постои универзален снабдувач, тој ја купува електричната енергија и во цената вкалкулира други трошоци кои што го има.

„Регулаторот во регионот определува цени во Србија и Косово и досега кај нас. Доколку имаме забелешки во однос на примената, има одредени елементи со кои што знаеме да влијаеме врз цената за да зачуваме ценовна стабилност. Тоа е факторот на корекција, право кое што секогаш ќе го имаме и ќе го користиме за да избегнуваме било какви ценовни шокови“, изјави Бислимовски.

Треба да знаете
Последни објави