103 евакуирани Руси од Газа, се вратени дома со специјален лет

Специјален авион донесе дома, во Москва, 103 руски државјани евакуирани од Газа, соопшти рано утринава руското Министерство за вонредни ситуации.

Во објава на Телеграм, Министерството забележа дека групата полетала дома со изнајмен авион Иљушин-76, објави Тасс.

Во соопштението се наведува дека над сто руски државјанин биле префрлени од Газа во Египет во последните 24 часа, со што вкупниот број на евакуирани Руси се искачи на повеќе од 750.

Повеќе од 650 од нив се транспортирани во Русија, меѓу кои и повеќе од 300 деца.

Кремљ во средата го поздрави договорот за прекин на огнот во Газа, кој стапува на сила денеска, како „прва добра вест по долго време“ во израелско-палестинскиот конфликт. Соопштија дека хуманитарните паузи се единствениот начин да се засилат напорите за одржливо решение.

Треба да знаете
Последни објави