Search

Тргната забраната за слетување на авионот на Лавров во Скопје

Владата ја тргнал забраната за прелет и слетување на руски државни воздухоплови над и во земјава. Оваа одлука била донесена на денешната седница кој се одржала онлајн, во претпладневните часови, пишува „360 степени“.

По ваквата одлука нема формална пречка за авион, во сопственост на руската држава, да слета на некој од аеродромите во Македонија. Измената на одлуката за рестриктивните мерки за Руската Федерација воведени по агресијата на Украина, доаѓа во пресрет на Министерскиот совет на ОБСЕ, кој треба да се одржи од 29 ноември до 1 декември во Скопје. Со По оваа одлука отворена е можноста за евентуално доаѓање на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје. Потврда за ваква одлука од Москва засега нема.

Треба да знаете
Последни објави